еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Дупер имаат нова песна „Со тебе не гледам саат (бејбе)“

Дуото Дупер ја претставија нивната најнова песна „Со тебе не гледам саат (бејбе)“ која носи сосема нова енергија на македонската музичка сцена, а воопшто и во нивната експресија и стил.

Песната потсетува на музиката од раните 2000-ти, но сепак збогатена со нивниот препознатлив звук и сензибилитет со што лесно влегува во уво уште на прво слушање, а те тера да си ја потпевнуваш цел ден.

Тие очигледно сами најдобро знаат како да направат одлична песна, па автори на музиката и текстот на песната се Борис Какуринов и Илчо Нечовски, а на аранжманот на Борис Какуринов.

Кога зборуваме за нивната музика не смее да се запостават и нивните креативни видеоспотови. Ова е трета соработка со режисерот Трифун Ситниковски со кој покажаа дека се тим кој знае како да спакува едно одлично музичко парче во автентична, видео приказна.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот европратеник Џамбаски повтори оти Македонија била и е бугарска

Редакција

Публикација на ССНМ: Новинарите се во лоша социо-економска положба, потребно е подобрување на работничките права

Редакција

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Борис Кондарко со сопругата имаат три стана

Редакција