еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Полициско насилство и обид за упад во градското Собрание на протестот на опозицијата во Белград

Со инциденти и полициска интервенција заврши синоќешниот протест на опозицијата во Белград, Србија.

Пратеници на коалицијата „Србија против насилството“, која обвини за кражба на изборите, кои се одржаа минатиот викенд, насилно се обидоа да влезат во зградата на градското Собрание на Белград за да им се обратат на насобраните подржувачи од балконот, но беа спречени од полицијата, а дел од граѓаните искршија прозорци на зградата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Протест и штрајк со глад, опозицијата во Србија обвинува за кражба на изборите во Белград

Српските медиуми информираа дека биле уапсени најмалку 35 граѓани, двајца полицајци се потешко повредени, а неколку полесно.

Опозицијата по завршувањето на протестот обвини за полициско насилство.

Видео/фото: Твитер/N1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Во текот на целиот септември можеме да очекуваме над 100 нови случаи на Ковид-19 дневно

Редакција

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција

(Фото) ТАВ: Отворена новата продавница на ATU Duty Free на Скопскиот аеродром

Редакција