еМагазин
Image default
Како се прави ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Како се прави спрејот Оралсепт на Реплек

Доколку имате проблем со грлото, имате болка или воспаление, или со устата, јазикот и непцата, спрејот Оралсепт на Реплек АД Скопје можеби е решението за вашиот проблем.

Спрејот помага при појава на црвенило, оток или чувство на топлина, а се користи многу лесно.

Истиот може да Ви помогне и по стоматалошка операција или непријатност предизвикана од забни протези.

Еден од најпродаваните производи во Русија

Оралсепт освен во форма на спреј, Реплек го произведува и во форма на раствор и таблети за лижење.

Овој производ Реплек го произведува уште од 2010 година, а минатата година беше еден од најпродаваните во Русија, која е една од 25 земји каде компанијата успешно ги извезува своите производи.

Дневно, како што ни објасни директорот на Сектор оператива и член на Управниот одбор на Реплек, Марјан Велковски, капацитетите овозможуваат производство на 36.000 парчиња.

Како се прави?

еМагазин имаше ексклузивна можност да види како се произведува спрејот.

По припремата на суровините, првата фаза од производството на спрејот Оралсепт е процесот кој се вика размерување на суровини.

– За размерување на суровини за серија производ се користат само оние, кои имаат ознака „ослободено за употреба“, што значи дека ги поминале сите тестови по спецификација за Контрола на квалитет, вели Велковски.

Овој процес се одвива во специјализирана комора за размерување со ламинарен проток на воздух.

Размерените суровини потоа преку тампон зоната наменета за влез и излез на суровини од Одделението за течни и полуцврсти дозинарани форми, се префрлуваат во просторијата каде што се наоѓа специјализирана опрема за припрема на раствори за производство на течни дозирани фармацевтски форми.

Следуваат фазите на растворање и хомогенизација на размерените суровинии со прочистена вода и други течни медиуми според дефинирана рецептура на производот. Сите процеси се одвиваат автоматизирано преку претходно дефинирана производна програма која е интегрирана во софтверот на самата опрема за припрема на растворот.

Машините за полнење и затворање на спрејот Оралсепт, се комплетно автоматизирани, роботизирани и опремени со сензори за правилно запечатување на пумпиците, со што се обезбедува соодветно затворање на спреј-контејнерите. Истовремено, во дефиниран временски интервал на самата линија се врши in-process контрола на полупроизводот.

Следува процес на автоматско адаптирање кое се одвива на специјализирана опрема, наменета за роботизирано монтирање на испрскувачкиот дел од спрејот со микрометарска прецизност. На овој начин се обезбедува точна доза при секое испрскување на спрејот Оралсепт.

По оваа фаза доаѓа пакувањето, а по него и последната фаза – серилизација, каде производот се означува со сериски број, датум на производство, рок на траење и единствен сериски број за секое парче поединечно.

Готовиот производ пред да биде пуштен во употреба оди во „карантин“, кој трае од 5-7 дена, временски период во кој производот се анализира од сите дефинирани параметри на спецификацијата за физичко-хемиски и микробиолошки квалитет.

По ревизија на производната документација и сертификатите за квалитет, одговорно лице за ставање серија лек во промет, ја ослободува серијата Оралсепт спреј од „карантин“ и го одобрува неговото комерцијално прометување.

Сите стории од рубриката на еМагазин „Како се прави“, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Вон ЕУ не можеме целосно да го комплетираме Преспанскиот договор

Редакција

78% од починатите од Ковид-19 од август лани до јануари годинава не биле вакцинирани

Редакција

(Вознемирувачко видео) Македонија згрозена: Малолетно дете во Кочани тепано од неколку мажи, таткото со оружје порача ќе се одмаздам

Редакција