еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

14 редовни основни училишта се затвориле во рок од една година

Вкупно 14 редовни основни училишта се затвориле во рок од една година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од 976 во 2021/2022 година, овој број се намалил на 962 во 2022/2023. Било затворено и едно специјално основно училиште и сега нивниот број е 35.

Бројот на паралелки за една година се намалил од 11.057 на 10.997, а бројот на ученици од 184.910 на 182.245. Во меѓувреме, бројот на наставници во основното образование се зголемил за 283 наставници, односно од 19.326 на 19.609.

Во средното образование пак, за една година, бројот на ученици се намалил за 2.700, а бројот на паралелки за 49.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Зоран Димитриевски, еден од судиите кој одлучи Јанева да оди во куќен притвор

Редакција

Локални избори: Како ќе изгледа гласањето со проверка на отпечаток од прст

Редакција

Сопственикот на „Дурмо турс“ пуштен од притвор со гаранција

Редакција