еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Владата одобри 854 милиони денари за „трикафта“ за следните две години

Министерството за здравство информира дека на денешната владина седница е разгледана и усвоена Информацијата за давање согласност за преземање обврски, за набавка на комбинирана терапија со лекот Kaftrio и лекот Kalydeco, за пациентите со цистична фиброза во Македонија, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства.

Владата даде согласност за преземање обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во 2024 и 2025 година на Министерството за здравство, за набавка на ваквата комбинирана терапија, во вкупна вредност од 854.549.942,40 денари.

Министерството за здравство е задолжено да достави до Владата предлог програма за обезбедување терапија за пациенти со цистична фиброза, за 2024 година.

Лекот e одобрен од Европската медицинска агенција, а ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив и се користи како стандардна терапија за третман на пациенти со цистична фиброза на возраст над 6 години.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово се уште во критична состојба

Редакција

Убава вест: 621 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Шум на срце кај децата: Има ли причина за загриженост?

Редакција