еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Влезот на унгарската 4iG во Македонија неизвесен, бидејќи е стратешки партнер со кинеската Хуавеј?

Влезот на унгарската телекомуникациска групација 4iG во Македонија е неизвесен, бидејќи истата е стратешки партнер со кинеската Хуавеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И официјално пристигнато писмо со намери од операторот 4iG Групација, за влез на телекомуникацискиот пазар

Македонија пред три години донесе законски измени со кои се предвидува операторите да набавуваат опрема само од проверени и кредибилни добавувачи, а кинеската Хуавеј не е во таа група.

Земјава, заедно со повеќе европски држави, е дел од иницијативата предводена од САД со која се забранува инсталирање опрема на гиганти како Хуавеј поради сомнеж дека податоците на граѓаните, неовластено завршуваат кај кинеската власт.

Од Министерството за транспорт и врски за телевизијата Сител велат дека нема одлука дали и во која форма 4iG ќе соработува со Македонија.

-Сакаме да информираме дека се уште нема одлука дали и во која форма телекомуникацискта компанија 4iG ќе соработува со Македонија. Ако се распише оглас за трет мобилен оператор, еден од условите ќе биде операторот да потекнува од земја членка на ЕУ и НАТО и истиот да не користи кинеска, руска или друга технологија, туку одобрена технологија од НАТО, велат за Сител од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е унгарската телеком групација 4iG, која има интерес да биде трет мобилен оператор во Македонија

4iG која сака да влезе на македонскиот пазар годинава ќе го лансира првиот унгарски сателит во орбитата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Редакција

Тетекс ќе дели дивиденда од 141,176 денари бруто по акција

Редакција

Просечната плата во август 31.871 денари

Редакција