еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во Мавровскиот регион се уште има заглавени луѓе во снегот, кои чекаат на расчистување на патиштата

Во Мавровскиот регион се уште има заглавени луѓе во снегот, кои чекаат на расчистување на патиштата.

„Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Тетово, известува дека состојбата после вчерашните и денешни врнежи од дожд и снег во поголемиот дел од Северозападниот регион е редовна и сообраќајот се одвива нормално.

Снабдувањето со електрична енергија е редовно и нивото на водотеците е на нормално ниво за овој период од годината. Проблеми има на високопланинските села каде што сообраќајот се одвива во зимски услови и забавено со задолжителна употреба на зимска опрема.

Особено критично било во Мавровскиот реон во последното деноноќие, од каде што се добиени поголем број повици од граѓани кои известуваат дека патниот правец до хотелот „Радика“ не е прооден и истите се заглавени во хотелот.

При коорднинацијата за расчистување на патот имало голем број на контакти со одговорните лица од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, ЕЛС и МВР од кои се добиени информации дека висината на снежната покривка во регионот е околу 80 сантиметри и имало паднати голем број дрвја и поголеми гранки од тежината на снегот, што го отежнуваа и забавувало сообраќајот.

Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта тековно вршеа сечење на дрвјата и чистење на коловозите и во најголем дел од регионот сообраќајот се одвива редовно во зимски услови. Проблематично е делницата до хотелот.

Од страна на одговорното лице од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта секција Маврово известиле до ЦУК дека има на терен машина за чистење на снег што прави напори да го оспособи и исчисти патот за да можат гостите од хотелот истиот да го напуштат и да се вратат во своите домови.

Од последниот контакт со дежурниот во ПС Маврово добиена е информација дека возилото од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (20.00 часот вчера) оди напред, а зад него возилата на гостите од хотелот и колоната била стигната до кај Бунец, а од таму безбедно до расчистен пат подолу.

На полноќ, во 00:00 часот, од ПС Маврово добиено известување дека сите гости од хотелот “Радика“ се евакуирани односно заминати кон своите домови,“ велат од ЦУК.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крвав крај на тепачка меѓу двајца во Скопје, нападнати и полицајци

Редакција

(Видео) Почина познатиот италијански пејач Тото Кутуњо

Редакција

Европска комисија: Македонската економија годинава со раст од 4, а наредната од 3,9%

Редакција