еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија активни шест пожари

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека денеска во Македонија се активни шест пожари.

Активен е пожарот во Општина Демир Хисар, каде врз пожарот на Илинска Планина се дејствува со пет ер трактори – еден на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), два германски и два шведски. На тешко пристапниот терен на земја пак, гаснат локални пожарникари со поддршка на месно население.

За пожарот кај селата Тажево и Брезница и крак кон Јасен е упатен тим од Унгарија составен од 46 лица со специјални теренски возила и опрема, а заедно со нив ќе гаснат и 50 припадници на Армијата и 20 локални пожарникари.

Пожарот кај селата Зелениград и Јамиште се гасне со осум хеликоптери, четири од нив гаснат од рано наутро – еден полициски, два армиски и еден српски, а останатите четири полетале пред малку – два унгарски, еден словенечки и еден чешки. На тешко пристапниот планински терен, од ЦУК велат дека гаснат локални пожарникари со поддршка на 30 припадници на Армијата.

Пожарот во атарот на селото Стрисовци од земја го гаснат 35 припадници на Армијата, 10 локални пожарникари како и вработени од Рудник Булмак, ЈКП, ДЗС доброволци од месното население. Од воздух им помага еден хеликоптер од Чешка.

Локални пожари и тим од Национални шуми пак, го гаснат пожарот кај селата Пласница и Латово каде гори трева, грумшки и нискостеблести растенија.

Пожарот кај селото Негрево го гаснат 10 припадници на ДЗС и 15 припадници на Армијата кои работат на целосно догаснување на пожарот кој сè уште има внатрешно горење, но од вчера е под целосна контрола, посочуваат од ЦУК.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мазутот поевтинува за еден денар, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Редакција

Сите детали: Обвинителството бара притвор за девојката вмешана во убиството на Пинета Секондо

Редакција

(Галерија) Мис Европа 2024: Две титули за Македонија

Редакција