еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во март инфлацијата 4%

Државниот завод за статистика соопшти дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 0.9 %.

Индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи зголемување од 4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.8 %.

Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.5 %, облека и обувки за 0.2 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0.1 %.

Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во март 2024 година во однос на февруари 2024 година изнесува 101.0.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тони Цетински, Јелена Розга, ДНК, Џамбо Агушеви ќе настапат на штипската Пастрамајлијада која се одржува вечерва и утре

Редакција

(Фото) Во Русија почнаа да апсаат и деца, бидејќи оставиле цвеќе пред Украинската амбасада

Редакција

Нема препорака за мешање на вакцините, вели Филипче

Редакција