еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во судир помеѓу два камиона на патот Градско-Прилеп, тешко повреден 36-годишен возач

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 11.03.2025 година во 19.35 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на с.Раец, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (36) од Богданци и товарно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д. (29) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германскиот амбасадор со дообјаснување: Работна виза само со призната квалификација и барање од германски работодавач

Редакција

Габриел Бајрам призна вина за насилство и доби казна затвор од три месеци

Редакција

Жито Лукс со драстичен раст на добивката во првиот квартал

Редакција