Во јануари во Македонија се регистрирани три нови случаи на ХИВ, стои во билтенот на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања.
Сите лица се од машки пол и припаѓаат на возрасната група од 20-59 години.
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.01.2024 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023 година, изнесува 639, и тоа: 126 лица починале, а 513 лица живеат со ХИВ/СИДА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемување на ХИВ инфекциите кај хетеросексуалната популација, кои се симптомите
Во ноември регистриран еден случај на ХИВ/СИДА и едно починато лице
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.