еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Воведување на даноци за засладени пијалаци, забрана за рекламирање на нездрава храна, бараат од ИЈЗ со цел справување со дебелината

Потребни се порадикални мерки, вклучувајќи воведување на даноци за засладени пијалаци, забрана за рекламирање на нездрава храна и јасни регулативи за обележување на преработените производи, со цел потрошувачите да носат информирани одлуки, предлагаат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за справување со дебелината.

Од таму укажуваат дека зголемената потрошувачка на преработена храна, агресивното рекламирање и ниската физичка активност придонесуваат кон растечката криза за овој проблем.

„Во Македонија, како и во многу други земји, дебелината е резултат на економски промени, маркетиншки стратегии насочени кон нездрава храна и сè поседечкиот начин на живот. Ги повикуваме надлежните институции итно да преземат системски мерки за да се спречи оваа епидемија“, велат од ИЈЗ.

Според податоците на Институтот, 30,4% од децата на возраст од 6 до 9 години имаат прекумерна тежина, а 13,8% од нив страдаат од дебелина. Дополнително, 4,4% од децата се со екстремна дебелина, што претставува алармантен проблем.

Експертите истакнуваат дека дебелината не е само прашање на личен избор, туку сериозна болест што ја зголемува веројатноста за срцеви заболувања, дијабетес и рак. Поради тоа, таа мора да стане приоритет во здравствените политики и да се третира како хронично заболување, соодветно на нејзиното влијание врз јавната здравствена состојба

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

35% од луѓето во Македонија се дебели, за прв пат 25 пациенти ќе може да се оперираат од обезност

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Силјановска Давкова вежба јога на Козјак: Мора да научиме да ги цениме и чуваме нашите убавини

Редакција

Какви биле размислувањата на Гоце Делчев за Бугарија?

Редакција

Нема ново одложување на пописот, вели директорот на Државниот завод за статистика Симовски

Редакција