еМагазин
Image default
Локално

(Галерија) „Велигденска изложба на ракотворби“ во Кавадарци

На 16. април 2025 година, во Галеријата при Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, беше свечено отворена традиционалната „Велигденска изложба на ракотворби“, во организација на Домот на култура, Општина Кавадарци, градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци, како и со активна поддршка од претседателката на Друштвото на ликовни уметници – Кавадарци (ДЛУК), Марина Убавкова, и директорката на Домот на култура, Јулијана Туриманџова.

Изложбата претставува вистински празник за духот и очите, обединувајќи традиција, уметност и духовност преку дела на креативци од сите генерации.

Публиката имаше можност да ужива во рачно декорирани велигденски јајца, венци, икони, свеќи, филиграни, слики, плетени и везени предмети, народни носии како сведоштво на минатото, како и детски цртежи и разнобојни велигденски декорации.

„Нека оваа изложба биде вдахновение – да се сетиме на вистинските вредности, да ја негуваме културата, и да го пренесуваме духот на Велигден не само во празничните денови, туку и во секојдневието.

Оваа изложба не е само одбележување на Велигден како празник, туку и израз на љубовта кон нашата културна традиција, на креативноста што не познава возраст и на уметноста која обединува“, беше истакнато при отворањето на настанот.

Особена благодарност беше упатена до сите учесници кои со своите дела ја збогатија оваа изложба, внесувајќи радост, топлина и симболика. Детските дела внесоа ведрина и искреност, а традиционалните ракотворби потсетија на вредностите кои ги носиме низ генерациите.

-Кавадарци, преку овој настан, уште еднаш потврди дека знае да го зачува и слави духовното и културно наследство, и дека уметноста живее таму каде што постои љубов кон убавото, посочуваат организаторите.

Изложбата ќе биде отворена за посетители во текот на велигденските денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Уметнички јајца за Велигден поставени низ Штип

(Галерија) Македонија се подготвува за Велигден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

48-годишен маж од Струга пронајден починат во мотел во Ѓорче Петров

Редакција

Кривични пријави за тројца скопјани за напад на полицајци

Редакција

Грозоморен случај во Прилеп: Ја убил љубовницата пред нејзиниот син

Редакција