еМагазин
Image default
Локално

Кривични пријави за тројца скопјани за напад на полицајци

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против З.З.(32), Б.З.(32) и О.З.(51) сите од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, предвидено и казниво по член 383 од КЗ на РМ, информира МВР.

На 15 септември годинава околу 20,00 часот пријавените на улица “Индира Ганди“ во населба Шуто Оризари физички нападнале полициски службеници при обид за подигање на непрописно паркирано возило „Волксваген Пасат“. Исто така првопријавениот со возилото ги удрил полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Локализиран пожарот кај Фурка

Редакција

(Галерија) Свечено доделени наградите на Општина Штип: Наградени Ангелов, Наков, Азески

Редакција

(Фото) „Зимска идила“ во Македонија: Снег во Зрзе, Шапка, Крушево…

Редакција