еМагазин
Image default
Локално

(Галерија) Свечено доделени наградите на Општина Штип: Наградени Ангелов, Наков, Азески

Свечено ги доделив признанијата по повод празникот Свети Никола на граѓани и компанија кои со своето делување го афирмираат Штип и Република Македонија, информираше градоначалникот Благој Бочварски на неговиот фејсбук-профил.

Добитници на признанијата оваа година се:

Штерјо Наков, почесен конзул на Р. Романија во Р. Македонија со седиште во Штип, стопанственик, поддржувач и афирматор ма Штип.

Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора во Р. Македонија со седиште во Штип, претседател на Стопанска комора на Р. Македонија

Пеком Инженеринг, дооел Штип, како општествено одговорна компанија.

Одличјето Свети Никола оваа година во име на граѓаните на општина Штип, е доделено на штипјанецот Стојанче Ангелов.

„Човек кој изминатите години даде свој придонес во зачувување на мирот и слободата на Република Македонија. Голем борец, кој не потклекна пред ниту еден предизвик на патот кон демократизација на нашето општество“, вели Бочварски.

фото: Фејсбук-профил на Благој Бочварски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повредени двајца вработени во скопска фирма по пад од висина

Редакција

Струмичанец од Фејсбук земал фотографии од четири девојки и ги објавил на сајт за возрасни

Редакција

Пожарот кај Стара рампа локализиран, нема повредени

Редакција