Кабинетот на претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши го демантира Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со инцидентот на Меѓународниот аеродром Скопје поврзан со косовската претседателка Вјоса Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лице од обезбедувањето на Гаши предизвика инцидент на скопскиот аеродром
Од таму велат дека членовите на обезбедувањето на Гаши не биле вмешани во инцидентот, туку ја смирувале ситуацијата.
-Членовите на безбедносниот тим на претседателот на Собранието Гаши биле присутни само за да се смири ситуацијата настаната од недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, и припадниците на аеродромското обезбедување.
Обезбедувањето на претседателот Гаши, кои се вработени во МВР, интервенирале да ја смират ситуацијата и да им помагаат на нивните колеги за спроведување на безбедносните постапки при посета на ВИП личности.
Притоа потенцираме дека секое известување кое го сугерира спротивното е тенденциозно. Исто така ги повикуваме и медиумите кои известуваат за овој настан да ги проверат тие информации пред да објават вакви тврдења и да постапат со професионална и етичка одговорност, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Собрание