еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Градоначалникот Јакимовски откри дека се борел со рак на белите дробови

Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски за првпат со јавноста сподели дека имал битка со рак на белите дробови.

Тој во подкастот Зрак со д-р Марина Вукашиновиќ, раскажа дека немал никакви симтоми и дека една вечер добил силни болки во пределот на долниот дел од грбот, по што решил да направи испитувања.

Рече и дека најнеизвесно било испитувањето кое требало да покаже дали ракот го има на едно место или се проширил и метастазирал.

-Кога добивме абер дека канцерот е само на едно место, тоа беше како да сум добил седмица на лото, без разлика што секако ќе морав да се оперирам, рече Јакимовски.

За време на својата борба со ракот добил подршка од сите страни, но не им кажал на мајка му и татко му.

Порача и да не се избегнуваат прегледи, бидејќи тие можат да ви го спасат животот.

Фото: Јакимовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

51 од случаите со коронавирус се импортирани од надвор, 229 лица имале контакт со веќе потврден случај

Редакција

Стапуваат на сила новите правила за котација на Македонската берза

Редакција

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност

Редакција