еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓанските организации со 18 прашања до политичките партии

Граѓанските иницијативи, независните иницијативи кои учествуваа на локалните избори и еко-здруженијата до политичките партии учесници на изборите доставија 18 прашања на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија очекуваат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности.

„Скоро 70% од законите се спроведуваат на локално ниво, во нашите општини. На прагот сме на парламентарни избори, а одлуките кои следните парламентарци ќе ги носат, директно ќе влијаат и на политиката на локално ниво.

Ние на овие избори не учествуваме директно, но и ние и останатите граѓани гласаме. И сакаме информирано да гласаме! Одговорите од партиите ги очекуваме до 2. мај.Јавно и во целост ќе ги објавиме пред гласањата на 8. мај за да бидат патоказ, но и обврска за периодот кој следи.

Како граѓани, имаме право на одговори за клучните прашања поврзани со загадувањето, урбанизмот, владеењето на правото, квалитетот на животот

Нашите заложби се јасни: транспарентно, чесно, законито и правично општество за сите, политики кои ги штитат граѓанинот и јавниот интерес, обезбедуваат и стимулираат активно граѓанско вклучување и обезбедуваат здрава животна средина и подеднакви квалитетни услуги за сите граѓани низ државата,“ се вели во соопштението потпишано од Граѓанска иницијатива Шанса за Центар – Скопје, O2 Иницијатива, Граѓанска иницијатива Зелен хуман град – Скопје, Граѓанска иницијатива Зелените од Гази Баба – Скопје, Граѓанска иницијатива Независни за Карпош – За заштита на Карпош- Скопје, Граѓанска иницијатива Заедно за промена – Скопје, Граѓанска иницијатива Стига е – Струмица, Босилово, Ново Село, Граѓанска иницијатива За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода – Скопје, Граѓанската иницијатива Грин.Орг – Кочани, Граѓанската иницијатива Охрид SOS – Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Завидлизам„

Петре Димитров

(Галерија) Кој дојде на одбележување на роденденот на кралицата Елизабета во Британската амбасада

Редакција

Спасовски не ги слушнал „бомбите“ за Милошоски, се што имале во СДСМ предале на СЈО

Редакција