Грција го отвори прашањето за Договорот од Преспа пред Европскиот совет во Брисел, и ги обвини македонскиот премиер Христијан Мицкоски и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова за негово непочитување.
Информација ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој денеска информираше дека на сесија на дводневниот Самит на лидерите на Европската Унија (ЕУ), ги информирал преостанатите 26. лидери на ЕУ за тоа што се случува во Македонија.
Тој посочи дека и претседателката на Македонија, Сиљановска Давкова, и премиерот Мицкоски, „суштински директно го прекршуваат Договорот од Преспа, игнорирајќи ја во пракса ерга омнес и избирајќи за внатрешна употреба да користат име различно од уставно дефинираното име на државата. Нешто што целосно се коси со духот на Договорот од Преспа“.
„Затоа, ги информирав моите колеги во Европскиот совет за овој непријатен развој и исто така јасно ставив до знаење дека доколку Скопје инсистира на оваа линија, во суштина ќе го отежнат, ако не и практично, ќе го поништат секој процес на непосреднo поврзување со европското семејство.
Така што мислам дека секој треба да ги сфати последиците од своите постапки и да знае дека почитувањето на европското законодавство очигледно оди преку верното почитување на меѓународните договори потпишани во оваа насока од двете страни“, изјави Мицотакис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој упатил и порака до Албанија во врска со градоначалникот Фреди Белерис, етнички Грк, кој стана градоначалник на Химара во Албанија, а неодамна стана и европратеник како кандидат на грчката владејачка Нова демократија, чиј случај ги скара двете земји.
Белерис е во затвор поради купување на гласови на последните локални избори во Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија во следните 6 месеци ќе се обиде ЕУ да почне преговори со Македонија
Бугарија бара ЕУ да ја потсети Македонија за францускиот предлог
Фото: Влада