Рамиз Мерко, градоначалникот на Општина Струга поради ново, деветто обвинение, остана без пасош, а еднаш неделно треба да се јавува и во суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деветтото обвинение за Мерко го остави без пасош
Мерко заработи ново обвинение од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга поради поставување на спомен плоча на влезот на општинската зграда само на албански јазик и според Обвинителството предвизвикал етничка омраза и раздор помеѓу жителите на Општината.
Со плочата која беше поставена во март годинава се величи фашистичката окупација, кога Албанското кралство го востановило албанскиот јазик како службен во југозападна Македонија.
Шокатно е дека Мерко за кого сега се водат девет активни судски процеси во кои му се закануваат и затворски казни, се уште е градоначалник, а од јуни 2023 година е и на „црната листа“ на САД.
На листата заврши поради вмешаност во значајна корупција и мешање во судски и други јавни процеси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) САД го стави градоначалник Мерко и неговата фамилија на црната листа
Уште пошокатно ќе биде, ако и тој како неколку други високи функционери, избега некаде.
Надлежните институции имаат одлична можност да покажаат дека никој во Македонија, не е недопирлив ако ги прекрши законите, за каков, имајќи ги предвид сите обвиненија, но и бројните кривични пријави, за кои може да се заработи и нови обвиненија, се смета Мерко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште едно обвинение за Рамиз Мерко, досега осум
Каков имот пријавил Рамиз Мерко, за кого е поднесено ново обвинение
Фото: Мерко/Фејбук