еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ковачевски, Вучиќ и Рама утре ќе одлучат дали ќе учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во четврток

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама утре ќе одлучат дали ќе учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во четврток.

“Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, денес одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама.

Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел.

Разговараме и за повеќе теми кои се важни за регионот и покренавме иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот.

Тема беше и претстојниот саем за храна вино и туризам кој треба да се одржи во Белград, како и повеќе други теми кои произлегоа од последниот Самит на Отворен Балкан кој се одржа во Охрид“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го започнува објаснувачкиот скрининг за првиот кластер

Редакција

Топ 5 највисоки просечни нето-плати во ноември

Редакција

Прва парада на гордоста на 29 јуни во Скопје

Редакција