Филип е првото дете во Македонија трансплантација на бубрег на детска хирургија. Првата трансплантација во 2009 поминува успешно и бубрегот има нормална функција се до 2018, од тогаш наваму е на дијализен програм, и тоа три пати неделно, со сериозни нарушувања на коските, зглобовите и васкуларни проблеми кои во еден момент кулуминираат со сепса и коматозна состојба.
„Обезбеден е донор на бубрег, а тоа е мајката на Филип. Таа ќе го донира својот бубрег за друго дете, а мајката на тоа дете ќе донира за Филип (вкрстена ретрансплантација и плазмофереза на бубрег).
Нашата кампања за собирање на средства не само што ќе му помогне на Филип, туку ќе помогне и на уште едно дете кое има 8 години чија мајка е донор на бубрегот.
Ве молиме да се обединиме како народ за овој случај, прекрасен позитивен исход е две спасени млади животи,“ велат од платформата ecrowd.mk.
Фото: Unsplash