Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
На денешното рочиште треба да бидат изведени нови материјални докази од страна на Јавното обвинителство, кое досега презентираше 180 од вкупно 197 материјални докази.
Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски се изјаснија дека не се виновни.
Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес, неколку дена подоцна, на 3. декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Траги од Велибор Манев најдени на лепливата лента на устата од Вања
Како е убиена Вања: Вознемирувачки детали од Обвинителството
Сведокот Трајковски за случајот за убиството на Вања и Панче во бегство, осомничен за пожар