еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска се враќаат осум повредени од пожарот во Кочани од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат 18

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија.

На лекување во странство остануваат уште 18 повредени.

Согласно протоколот, пет од нив ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.

Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесено обвинение против екс-сопственичката на „Диамед“: Како милиони евра завршиле во банка во Монако?

Редакција

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ, одлучи Владата

Редакција

За САД судирот на амеркански дрон и рускиот воен авион е непрофесионално, неодговорно и еколошки штетно однесување на Русија

Редакција