Денеска со почеток во 14 часот во Неготино ќе се одржи протестен марш под мотото “Стоп за сообраќајното насилство“, посветен на прерано загинатата Фросина Кулакова, како и сите други жртви во сообраќајот.
Ќе почне од центарот на градот на улицата “Маршал Тито“ кај семафорите, а учесниците ќе се движат по главната улица со крајна дестинација градските гробишта и вечното почивалиште на Кулакова.
Од Општина Неготино информираа дека целиот настан е координиран и маршот ќе биде обезбедуван од припадници на Министерството за внатрешни работи, и апелира до сите граѓани на Општината денеска, ако не е крајно неопходно, во овој период од денот да не излегуваат со возила, бидејќи се очекува голема масовност на протестот и присуство на граѓани од цела Македонија.
Доста е со жртви на улиците – ќе биде основата порака од протестот на кој ќе се побара поголема безбедност на улиците, подигнување на свеста за опасностите во сообраќајот, најстроги казни за сообраќајните насилници и одговорност од институциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Има организиран превоз од Скопје за протестот за Фросина во Неготино во сабота
За заинтересираните граѓани од Скопје кои сакаат да учестуваат на протестот од другарките на Кулакова е организиран бесплатен превоз до Неготино и назад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Кој е следен„: Нов масовен протест за усмртувањето на Фросина Кулакова
Изминативе денови и во Скопје беа организирани два протести за Кулакова на кои присуствуваа илјадници граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со Фросина Кулакова било прегазено и нејзиното куче Аја, ја чекало под автомобилот на Васил
„Kолоритност и убавина што ја зрачеше постојано“: Дизајнерите за Фросина Кулакова
Починатата Фросина Кулакова била дизајнерка од Неготино