Во Македонија денеска се активни девет пожари, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Вчера имало 30, а од нив девет се активни, но под контрола, односно не се целосно изгаснати, но не можат да се шират.
Денеска во гаснењето на пожарите приоритет ќе бидат пожарот во Општина Чашка, селата Габровник, Мокрени, Јаболчиште, Дреново врв Лисец.
Ќе бидат ангажирани два хеликоптери на МВР и АРМ, со дополнителни ангажирани локални сили и поддршка од 55 припадници на Армијата.
Потоа во Општина Македонски Брод, село Тажево кон село Брезница ќе биде ангажиран хеликоптер на АРМ (Ми 17), со дополнителни ангажирани локални сили и поддршка од 30 припадници на Армијата.
Во гаснењето на пожарот во Општина Кавадарци, село Фариш, ќе дејствуваат два ер трактори од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со дополнителни ангажирани 20 припадници на САЕ Тигар на МВР.
За Општина Градско, Криволак кон Брегалница, пожарот кој доаѓа од Криволак, ќе бидат ангажирани 30 припадници на САЕ Тигар.
Останати активни пожари на отворено се во Општина Чашка, во селата Јаболчиште, Дреново врв Лисец, во Општина Долнени, село Небрегово, во Општина Пробиштип, место викано Балабаница, село Зелен Град, во Општина Македонски Брод, село Брзеница (ново жариште), како и во Општина Чашка, место викано Мукус, префрлен од Прилеп.
Фото: ЦУК