еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дискотеката „Пулс“ во Кочани била казнета од УЈП и за неиздавање фискални сметки

Освен што немала хидрант и резервен излез за евакуација, т.н. дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59, а беа повредени 203 лица, била казнета од Управата за јавни приходи (УЈП) и за неиздавање на фискални сметки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Немало хидрант, резервниот излез за евакуација бил заклучен со катанец без брава: Хорор услови во т.н дискотека

Информацијата ја споделија од УЈП, откако првично на социјалните мрежи, па потоа и во медиумите се појави шпекулацијата дека во декември 2024 година т.н. дискотека/кабаре била “пломбирана“ од страна на УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сметката на сопственикот на т.н. дискотека во Кочани, фирмата ММММ Кафе, неколку пати била блокирана

Истата шпекулација беше злоупотребена и од неколку политички партии.

-„Пломбирање“ кое се пласира и за кое се шпекулира во јавноста е извршено кај друг угостителски објект (со друг назив) кој бил предмет на контрола и за кој е изречена привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена во периодот јули 2023 година, по претходно извршени контроли од УЈП согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, информираа од УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управителот на т.н. дискотека „Пулс“, Карадакоски бил шанкер, газда бил Јованов, открива КОД

На т.н. дискотека/кабаре засега е познато и дека управител и бил Александар Карадакоски, преку фирмата ММММ Кафе, која имала блокирана сметка и на чие име е издадена фалсификуваната лиценца.

Тој е еден од повредените и се лекува во Литванија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица

Но, тој бил управител само на хартија. Вистинскиот газда бил Дејан Јованов – Деко, кој е во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Размена Чекиќ Дуровиќ, која ја потпишала фалсификуваната лиценца за т.н. дискотека во Кочани

Каков имот пријавил Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор

Каков имот пријавил поранешниот министер Бектеши, кој е еден од осомничените за трагедијата во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарката Кристалина Георгиева останува на чело на ММФ

Редакција

Трагедија: Воз прегази 21-годишно момче од Велес

Редакција

Налепниците со кодот НМК ќе бидат достапни следната недела, МВР предлага да бидат бесплатни

Редакција