еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Електрани, Водостопанство и МВР имаат склучено највредени договори без оглас

Гледано на ниво на институции, најголема вредност на склучени договори без објавување оглас во првата половина од 2023 година, дури 60%, имаат само три договорни органи – АД Електрани, Министерството за внатрешни работи и АД Водостопанство, покажува Извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За половина година склучени договори за јавни набавки со само една понуда вредни 283 милиони евра

На врвот на листата на државни институции во првото полугодие од 2023 година, како и во претходните години, е Електрани, со пет договори во вредност од 212.171.080 денари (3,4 милион евра).

На второ место е Министерството за внатрешни работи, со склучени 11 договори преку постапката со преговарање без објавување оглас, во вкупна вредност од 96.885.148 денари (1,6 милиони евра).

На трето место е АД Водостопанство со два договори во вредност од 81.927.516 денари (1,3 милиони евра).

Сите останати институции потрошиле 263.409.297 денари (4,3 милиони евра) и имаат удел од 40%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10. најголеми договори за јавни набавки склучени без оглас во првото полугодие од 2023 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР до Софија: Одлуките на Комисијата не се насочени против правото на здружување, туку против контроверзните називи на здруженијата

Редакција

Опасниот отпад од ОХИС преточен во нова цистерна, ќе се носи за Германија

Редакција

(Фото) Се омажи ќерката на Бранко Црвенковски, Марија

Редакција