Бугарија смета дека менувањето на македонскиот Устав за да се внесат во него Бугарите не е мешање во внатрешните работи на Македонија, ама спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, оти не ги признава Македонците на нејзина територија и не им дозволува никакви права, било мешање во нејзините внатрешни работи.
Оваа е суштината на реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) за изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој пред неколку дена ги повика преставниците на Европската унија (ЕУ) да покажат со дела дека сакаат Македонија да стане дел од ЕУ, со признавање на пресудите од Судот за човекови права за македонската заедница во Бугарија, со јасно и недвосмислено признавање на многувековниот македонски идентитет, со јасно и недвосмислено признавање на многувековната македонска култура, традиција, обичаи, и со јасно и недвосмислено признавање на македонскиот јазик, кој е официјален јазик во Обединетите Нации од 1945 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија смета оти неговите изјави биле уште еден „обид да се заобиколат преземените обврски и да се сврти вниманието на јавноста од недостатокот на реформи“ и повторно потсетува на консензусот од 2022 година, одобрен од сите земји членки на Евроспката Унија, познат како „францускиот предлог“.
„Зачудувачки е што обврските преземени од Република Северна Македонија, од страна на нејзиниот премиер се доживуваат како мешање во нејзините внатрешни работи“, се вели во реакцијата на бугарското МНР, посочувајќи дека Мицкоски демонстрирал “недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд за човекови права“.
„На тој начин, сакајќи или не сакајќи, промовира манипулативни и лажни тези, кои би можеле да се сметаат за вистинско мешање во внатрешните работи на Република Бугарија“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Бугарско МНР