еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заврши истрагата за Љупчо Палевски, Обвинителство бара спојување на двете судски постапки

Заврши истрагата за Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Како што информираат од Јавното обвинителство, од таму ќе побараат спојување на двете постапки кои се водат за овој случај.

-Со ова тече законскиот рок на одбраната да изврши увид во доказите. По истекот на овој рок и поднесување обвинение, јавниот обвинител ќе предложи спојување на судските постапки против вкупно петмина обвинети за овој кривично-правен настан, бидејќи постојат законските основи предвидени во член 28 од Законот за кривична постапка.

Со цел да се овозможи единственост на постапката, Обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30. јули против четворицата претходно обвинети.

Истражната постапка е завршена и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Постапката против него ќе се води одвоено, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се обвинетите за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

За што е обвинет таткото на Вања, на кого ќе му се суди за нејзиното грабнување

Палевски вели дека е невин и дека е наместен, имал докази

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција

Германски ФАЦ: Мали шанси за полноправно членство во ЕУ на земјите од Западниот Балкан

Редакција

Владата сè уште нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите

Редакција