еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Им требаме на Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона, кои останаа без татко кој почина, а мајка ги напуштила

Пет деца од Кичево на возраст од 3 до 8 години останаа без родителска грижа. Нивниот татко почина, а од пред три години ги напуштила и нивната мајка.

За нив сега се грижат баба со хендикеп и помлад вујко.

„Трагично, мојот братучед, 35-годишен, почина во сон (мозочен удар), оставајќи пет мали деца на возраст од 3 до 8 години: Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона.

Тој беше единствениот вработен во семејството. Мајката ги оставила децата пред три години и не е заинтересирана да се грижи за нив.

Помогнете му на ова семејство со трошоците за погреб и финансиска помош за децата.

Социјалната помош ќе биде тешко остварлива некое време, бидејќи мајката не е во земјава. Децата моментално живеат со баба со хендикеп и помлад вујко, тие сакаат да ги задржат и посвојат децата.

Сè што ќе им биде од помош. Им треба храна, медицинска нега, платена комунална услуга, облека, итн.

Ви благодарам и Бог да ве благослови„, стои во објавата на GoFundMe.

Повик за помош објавија и од ecrowd.mk.

“Трагичен настан кој ги потресе ситe! Таткото, на 35 години, ненадејно почина додека спиел, оставајќи ги своите пет малолетни деца – Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона, 3 до 8 години, без родителска грижа. Децата сега се соочуваат со тешка животна реалност. Да помогнеме на блиските роднини да обезбедат грижа!“, стои во повикот за помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 245 болни од Ковид-19

Редакција

Бебе во тешка здравствена состојба оставено ма улица во центарот на Велес

Редакција

Болничарката со конго-кримска хеморагична треска прими прва доза „рибавирин“

Редакција