еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели евроамасадорот Рокас, кој најави посета на високи преставници на ЕУ на Македонија

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека имало интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија.

Во таа насока тој најави дека високи преставници на Европската Унија (ЕУ) ќе ја посетат Македонија во следните месеци.

-На ниво на ЕУ напорно работиме во тесна соработка со Владата на Северна Македонија да се надминат сите преостанати прашања пред да ги отвориме преговорите.

Има интензивна дипломатска активност за решавање на ова прашање. Високи претставници на ЕУ ќе го посетат Скопје во следниве два до три месеци и се надевам дека ќе можеме да продолжиме напред, рече Рокас на поставувањето на камен темелникот на граничниот премин “Маркова нога“, додавајќи дека во меѓувреме треба да се продолжат напорите за имплементирање на реформите што се наоѓаат во Реформската агенда, усвоена согласно Планот за раст за Западен Балкан.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на истиот настан, пак рече дека досега слушнал многу изјави, но оти треба да се гледаат делата.

-Се сеќавам кога високи претставници на ЕУ, придружувани од високи претставници на други земји во светот, седеа пред мене и ми велеа – името е последната работа што треба да го направите.

Нормално ние и тогаш бевме против, но и тогаш им велев дека не ја говорат вистината и дека не е последната работа.

Треба да видиме дела, а дела според мене претставуваат признавање на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија, јасно и недвосмислено признавање на многувековниот македонски идентитет и јасно и недвосмислено признавање на многувековната македонска култура, традиција, обичаи, и јасно и недвосмислено признавање на македонскиот јазик, кој е официјален јазик во ОН од 1945.

Мораме да ги почитуваме принципите, во спротивно имаме сериозен проблем, рече Мицкоски, посочувајќи дека ние како држава немаме проблем со другите народи, напротив ги почитуваме.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се старо-новите членови: Собранието го избра составот на Државната изборна комисија

Редакција

Специјални музички миксови и „ПМГ си ти“ – настан за роденденот на Мирко Попов

Редакција

Детален преглед: Кои фирми земале државна помош во ноември, а не исплатиле плати

Редакција