еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата лани 9,4%, што поскапело најмногу?

Трошоците на живот лани во однос на 2022 година биле зголемени за 9,4 проценти, а цените на мало за 7 проценти, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во декември, трошоците на живот се зголемени за 0,2 проценти во споредба со ноември, а цените на мало за еден процент.

Пораст на индексите е забележан во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13,6 проценти, ресторани и хотели за 12,7 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 11,7 проценти, разновидни стоки и услуги за 11,6 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 10,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8 проценти…

Намалувањето има кај свежото и разладеното овошје, рибата и морските плодови, течните горива за домаќинствата, услугите за сместување, парамедицинските услуги, растенијата и цвеќињата, малите електрични апарати за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства…

Кај цените на мало, пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустриско-прехранбени производи за 12,5 проценти, Пијалаци за 9,7 проценти, Земјоделски производи за 8,5 проценти, Услуги за 6 проценти и Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 5,3 проценти.

Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 3,6 проценти, а цените на мало за 3,7 проценти.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И за свадбите ќе има протокол како ќе се организираат, согласно препораките за заштита од корона вирусот

Редакција

Разговорите со Генчовска создадоа предуслови за интензивирање во наредните денови и изнаоѓање решение, вели Османи

Редакција

(Фото) Сиљановска Давкова за првпат јавно со сопругот на отворањето на „Охридско лето„

Редакција