Измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, предвидуваат испечатениот електронски документ да има иста важност како и оригиналниот.
„Во Собранието, мнозинството ја изгласа измената на Законот за електронски документи. Од сега електронски извадените документи од порталот или било кој друг државен портал, кој што се целосно електронски, ќе можете да ги испечатите и да ги користите исто како оригинален документ. Нема да треба да одите по печат“, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Досега, електронските документи, институциите ги сметаа за копија.
“Со измени на законот, овој испринтан електронски документ ќе има иста важност како да е со обичен син печат, така што ќе може целосно да се користи насекаде“, додаде Андоновски.
Фото: Влада