Продолжува акцијата за пронаоѓање на исчезнатиот 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, на кого му се губи трагата од минатиот четврток.
Тој се бара и по манастири и цркви, информираа од неговото семејство, а од вчера по него се трага и со хеликоптер.
Акцијата за неговото пронаоѓање станува се помасовна и во неа се вклучуваат и се повеќе доброволци, меѓу кои и навивачката група „Винари“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајден мобилниот на 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, кој е исчезнат од четвртокот
Засега е најден само неговиот мобилен.
Последен пат е виден минатиот четврток околу 10.30 часот кај селото Марена.
Неговото семејство смета дека тој најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино. Пред да исчезне дал отказ на работното место.
Доколку го видете пријавете во полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ