Азир Алиу, кадар на владејачката Алијанса за Албанците (АА), е разрешен од министерската позиција во Министерството за информатичко општество и администрација.
Тој беше разрешен заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити од АА, бидејќи и двајцата во несогласувањата на претседателот на АА, Арбен Таравари и поранешниот лидер, Зијадин Села, застанаа на страната на Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил разрешениот министер Фатмир Меџити од Алијанса за Албанците
На негово место ќе дојде нов кадар на АА, Наим Бајрами.
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Алиу, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал министер.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил куќа во Гостивар од наследство и два стана во Скопје.
Во негова сопственост е и фирмата Digit4ALL.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Села ќе го менува и Таравари на Конгрес следниот викенд
Кој е Илир Демири, предлог на АА за министер за здравство на местото на Фатмир Меџити
Фото: Фејсбук/Алиу