По посетата на САД, лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Европски сојуз за промени“, Билал Касами, лидер на Беса, Африм Гаши, лидер на Алтернатива и лидерот на Демократско движење, поранешниот функционер на владејачката ДУИ, Изет Меџити, вчера имаа средба со косовскиот премиер Албин Курти и со претседателот на парламентот на Косово, Глаук Коњуфца.
На средбата дојде и лидерот на владејачката Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, како и Беќим Ќоку, советник на Курти за Македонија.
Тема на разговор на средбата меѓудругото била престојните парламентарни и претседателски избори во Македонија, како што стои во официјално соопштение од Кабинетот на косовскиот премиер, во кое се наведува дека било разговарано и за кандидатот за иден претседател на земјава.
Четворицата лидери од Македонија, според соопштението на Кабинетот на косовскиот премиер, предложиле следниот претседател на земјава да биде од редовите на Албанците, кој „ќе го отелотвори соживотот меѓу етничките групи и ќе го гарантира европскиот пат на Северна Македонија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Самоопределување“ на Курти не може да дејствува политички во Македонија
Фото: Фејсбук/Меџити