Очекувано топ тема на социјалните мрежи е одлуката на американскиот Стејт департмент, да го стави на „црната листа“, функционерот на опозициската ДУИ, Артан Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Артан Груби со семејството и судијата Енвер Беџети завршија на „црната листа“ на САД
Освен тој, на „црната листа„ е ставено и неговото семејство, како и судијата на Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети.
Тие завршија на „црната листа“ за примање мито за нарушување на судските процеси поврзани со поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, кој исто така е на листата.
Еве дел од реакциите на Х (поранешен Твитер):
Артан Груби на црна листа на САД заради корупција.
Кај нас за Артан Груби нема судски процес за корупција.
Ergo, Артан Груби поткупил доволно судии и политичари за да бема судски процес против него.
— Корто Малтезе од 🇲🇰 (@ngc6752) December 9, 2024
И официјално, Артан Груби на црна листа на САД? Искрено, оваа вест чак и мене као највечи песимист, ептен ме изненади.
Се надам конечно добри ветеишта за државичево, за сите, Македонци, Албанци, Турци, Срби и секој шо и мисли добро.
— Бапчо (@TheFitzzz) December 9, 2024
Артан Груби заврши на црна листа во Америка заради земање мито од Сашо Мијалков за да ги поткопа судските процеси против него. pic.twitter.com/SGAlt8SoNT
— Ноџиња (@VoDieMde) December 9, 2024
Моментот кога сватија дека #Груби е на #црната листа на САД‼️ pic.twitter.com/G30UtyfuyD
— КајМакамот (@KajMakamot) December 9, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Партнерот на ДУИ, Зијадин Села, бара Груби да се повлече од политика
Што вели Груби за одлуката на САД да го стави на „црната листа“
Фото: Груби/Фејсбук