еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

Клиника Жан Митрев ја презема водечката улога во унапредување на здравите навики во Македонија, преку промоција на спорт што станува се попопуларен во светот – Walking Football, кај нас познат како Шутбал, информираат од таму.

-Под покровителство на Фудбалската федерација на Хрватска, екипата на Клиниката зеде активно учество на меѓународен турнир на островот Вис, каде што ја претставуваше Македонија со спортски дух и огромна посветеност.

Натпреварувајќи се со тимови од Хрватска, Австрија и Унгарија, нашиот тим остави силен впечаток со својата енергија, фер-плеј и професионалност, што резултираше со нови покани за учество на меѓународни турнири, велат од таму.

Шутбалот е повеќе од игра – тој е нова можност за луѓето од сите возрасти да останат физички активни, да се дружат и да се грижат за своето здравје. Се базира на правилата на традиционалниот фудбал, но со клучна разлика: нема трчање, се игра со одење, а акцентот е ставен на рекреација, тимска игра и социјализација.

Ова го прави идеален спорт за повозрасни лица, пациенти во рехабилитација, хронично болни, дијабетичари, хендикепирани, постари над 80 години старост, мешани тимови мажи и жени, како и секој кој сака да води активен и здрав животен стил.

Клиника Жан Митрев е основоположник на Walking Football во Македонија и веќе ја најавува својата заложба за организирање домашни и меѓународни турнири, посочуваат од таму.

-Целта е да се направи спортот достапен за пошироката јавност и да се поттикне изградбата на заедница која го негува здравиот начин на живот. Спортот бележи експанзија на светско ниво и е препознаен од страна на FIFA и UEFA како здравствено-корисна, инклузивна и безбедна алтернатива на традиционалниот спорт.

Клиниката ја презема одговорноста да ја води иницијативата за официјално втемелување на овој спорт во нашата земја, со јасна визија – да се создаде движење што ќе го негува спортот, здравјето и активниот животен стил, без разлика на возраста, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кардиоваскуларните заболувања во време на пандемија со корона вирусот

Редакција

(Фото) Пендаровски и Ковачевски на божикен ручек кај г.г Стефан

Редакција

Кој е најдобриот тип вода за пиење според нутриционистите?

Редакција