еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Клиника Жан Митрев организира работилница за борба против срцево-садови заболувања

Неделата посветена на борбата против срцево-садови заболувања, Жан Митрев Клиника ја обележува со едукативни работилници за борба против овие заболувања, информираат од таму.

Целта на овие работилници е да се научат да се препознаат знаците и ризиците од срцево-садови заболувања и да се превенираат со правилен личен развој и раст.

Како дел од традиционалната соработка со Црвен Крст на град Скопје, на денешната работилница учесници беа волонтерите од Црвениот Крст кои учествуваа во работилницата и се едуцираа на оваа многу актуелна тема.

Психолошката работилница ја водеа и реализираа психолозите и психотерапевти од Жан Митрев Клиника, доц. д-р Кристина Егуменовска и Александра Петроски. Покрај обуката за препознавање на знаците, на работилницата младите учесници размислуваа како да ја препознаат својата комфор зона и за начините како да ја надминат со цел личен раст и развој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО засега нема да прогласи вонредна состојба на глобално ниво поради новиот коронавирус

Редакција

(Видео) Детален преглед: Кои се добитниците на наградата Оскар?

Редакција

Новата влада да го користи самото името Северна Македонија, предупредува Мицотакис

Редакција