еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Предупредување на СЗО: Корона вирусот ги убива и младите

Светската здравствена организација (СЗО) синоќа упати застрашувачко предупредување кон младите луѓе низ светот, укажувајќи им дека корона вирусот може да го влоши здравјето и да убива и млади луѓе и дека тие треба да избегнуваат да се собираат и потоа да го пренесуваат на повозрасните и поранливите категории луѓе, јавија агенциите.

Бројот на заразени со коронавирусот низ светот утринава е веќе над 275 000, а на смртните случаи околи 11.500.

-Иако повозрасните луѓе се најзасегнати, вирусот не ги одминува ни помладите. Податоците од многу земји покажуваат голем процент на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација а се под 50-годишна возраст. Денеска имаме порака кон младите луѓе: Вие не сте неранливи пред вирусот – тој може да ве однесе во болница со недели и дури и да ве убие. Дури и да не се разболете, изборот каде да отидете може да се покаже прашање на живот и смрт за некој друг, изјави првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

На одгласите за светски недостиг на заштитна облека за здравствените работници и тестови за корона вирус кинеските производители се договорија да испорачаат таква опрема за СЗО. Постигнат е договор материјалите да се испорачаат во складот на СЗО во Дубаи и оттаму ќе бидат насочувани таму каде има најголема потреба од нив.

-Ќе има потреба од „воздушни мостови” за изведување на испораките до земјите во кои здравствените работници имаат потреба од нив, откако многу редовни летови беа откажани, изјави Мајк Рајан, експерт на СЗО за вонредни ситуации.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонка од центарот на епидемијата на Ковид-19 во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Корона вирусот покажа колку сме себични

Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото-вест) Маскирани деца го разубавија Скопје за Денот на шегата

Редакција

Најмладото на 41 години: Од Ковид-19 починаа 12 лица, дополнително пријавени уште 3

Редакција

Излезноста до 13 часот 26,35%

Редакција