еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку изнесуваат надоместоците на менаџментот на ГТЦ лани

Градски трговски центар (ГТЦ) АД Скопје во Годишниот извештај за работењето објавен преку Македонската берза соопшти и дека за надоместоци на Управниот одбор на Друштвото лани биле потрошени 826.656 денари.

-Неизвршните, извршните и независните членови на Друштвото имаат и редовни примања по основ на плата во компаниите каде што работат, стои во извештајот.

Според податоци од официјалната страна на ГТЦ, членови на Одборот на директори се Ѓоко Трајчевски, извршен член и извршен директор, Трајанка Тасевска, неизвршен член и претседател на Одборот, Бранко Цветановски, неизвршен член и Стојан Станиславски, неизвршен член.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГТЦ во првите три месеци со добивка

ГТЦ лани работел со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По напредокот во Клиника Жан Митрев, Леонид го продолжува лекувањето во Австрија

Редакција

Засега нема пазарни нарушувања и потреба од активирање на државните резерви пченица

Редакција

Извозот зголемен за 33,8, а увозот за 38,5%

Редакција