еМагазин
Image default
Бизнис

Од септември Србите ќе плаќаат поскапа цена на струјата за 8 отсто

Од 1 септември цената на струјата во соседна Србија ќе се зголеми за скоро 8%, пишува блиц.рс.

Според статистиката едно просечно семејство троши околу 400 киловати месечно, што ќе значи дека месечната сметка ќе се зголеми за 230 динари или околу 120 денари.

Зголемувањето на цента на струјата во Србија се должи на анализата што ја направи Електростопанството на Србија, по барање на Меѓународниот монетарен фонд, а анализата покажала дека цената за производство на струја е повисока од продажната цена.

Раст на цените на струјата има и кај земјите членки на ЕУ. Од 2018 до средина на 2019 година  просечно цената на струјата се зголемила за 1,3 %, покажуваат податоците од Еуростат. Цената за еден киловат – час во ЕУ изнесува 21,4 центи.

За споредба Македонија има значително пониска цена на струјата од онаа на земјите во ЕУ. Цената за еден киловат час во Македонија изнесува 7,83 центи или околу три пати пониска од цената на еден киловат во земјите од ЕУ.

Деновиве се очекува и Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука за цената на струјата и во земјава.

Согласно методологијата, цената на струјата зависи од материјалните трошоци што ги поднеле трите енергетски компании, државната ЕСМ, која што добива најголем дел од цената на струјата, ЕВН, и МЕПСО.

Помал дел од цената на струјата зависи и од увозот што се прави во текот на годината. На цената на струјата граѓаните плаќаат и ДДВ од 18 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народната банка распродава шест автомобили „Опел Астра“ по привлечни цени

Редакција

Чифлиганец го отвори прашањето: Вучиќ нареди во најбрз можен рок да се потпише договор со кој на македонските и на српските граѓани ќе им се овозможи да купуваат недвижен имот во двете земји

Редакција

Градежниците најавуваат отпуштања и пораст на цените

Редакција