еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку потрошил Жито Лукс за плати и надоместоци на менаџментот лани

Надоместоците на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Жито Лукс АД Скопје по основ на плати и останати краткорочни бенефиции лани изнесувале 14,882 илјади денари, информираа од Друштвото во годишниот извештај за работењето минатата година, објавен преку Македонската берза.

Претходната година овие трошоци биле 14,679 илјади денари.

Членови на Управниот одбор се Николаос Воудоурис, претседател на Одборот, кој е и генерален извршен директор, Димитриос Плакоутсис, потпретседател на Одборот и заменик генерален директор, Георгиос Вреттос, Методи Пишев, кој е одговорен и за набавки и логистика, Георгиос Тхрискос, кој е одговорен и за продажба и развој на бизнисот, Антоанела Петровиќ, која е одговорна и за прашања од областа на маркетинг и Оливера Ѓуровска, која е одговорна и за финансии и контрола.

Лани пак членови на Надзорниот одбор беа Наташа Трпеноска-Тренчевска, Ирини Патерас, потпретседател, Ставрос Бозикас, Роберта Теова и Мицхаил Фандридис.

Лани Собранието на акционери ги отповика членовите Фандридис и Теова, а на членовите Трпеноска Тренчевска, Патерас и Бозикас им заврши мандатот поради истекување на времето за кое беа назначени.

Собранието повторно ги назначи членовите Трпеноска Тренчевска, Патерас, Бозикас, Теова и Фандридис за членови на Надзорниот одбор на Друштвото со мандат од шест години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жито Лукс лани со зголемна добивка

За членовите на НО на Жито лукс месечен надоместок од 300 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автомобил удрил во три малолетни девојчиња во скопски Чаир

Редакција

Бројките се зголемуваат: Нови 74 случаи на Ковид-19 од 4.582 тестирања

Редакција

А1 каска зад Македонски Телеком на пазарот на фиксна телефонија

Редакција