еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Компанијата “Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар?

Преку јавно-приватно партнерство компанијата “Ѓока констракшн“ од Албанија треба во следните 20 години да стопанисува со паркингот на Клинички центар, објави Призма.

„Ѓока констракшн“ во 2022 година отворила подружница во Скопје.и била единствената компанија која се јавила на огласот, распишан во ноември лани.

Таа треба да изгради две катни монтажни гаражи, да стопанисува со целиот паркинг на Клинички, а за возврат државата треба да добие 1% од вкупните остварени годишни приходи.

Со новите катни гаражи Клинички би добил уште 800 до 900 паркинг места, а проценките се дека концесионерот треба да вложи околу 10 милиони евра.

Компанијата има и компании поврзани со енергетскиот бизнис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор со „Ѓока констракшн“ за стопанисување со паркингот на Клинички не е потпишан, вели Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во октомври издадени 373 одобренија за градење, помалку за 26,7% од лани

Редакција

Во Македонија не е дијагностициран делта плус сојот на Ковид-19

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од Пелагонија Струмица за два милиони евра

Редакција