Во случајот „Адитив“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се осомничени двајца поранешни директори на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра
Станува збор за Васко Ковачевски, кој моментално не се знае каде е и неговиот наследник Васко Стефанов, кој вчера беше приведен на Граничниот премин „Табановце„.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Васко Ковачевски е во Србија? Мицкоски вели дека брзо ќе биде вратен во Македонија
Приведен Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ, кој не беше во Македонија
Во случајот се осомничени 23 физички лица и неколку фирми.
Засега се знае дека меѓу нив се и поранешните директорите на РЕК Битола, Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, и членови на неговото потесно семејство.
Осомничена е и Маја Јорданова, чија фирма „Браинкоде“ ги добила тендерите од ЕСМ за набавка на адитиви од Италија, кои се предмет на истрагата, како и Данчо Стојановски, поранешен директор за комерцијални работи во ЕСМ, кој се смета за организатор на набавка на адитивите, братучед на Јорданова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се апсат поранешни директори на ЕСМ и РЕК Битола: Осомничен и Васко Ковачевски, кој не во Македонија