еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кој е најголем акционер во Комерцијална банка

Комерцијална банка АД Скопје е во фокусот на инвестициската јавност поради најавата за исплата на дивиденда, а Банката преку Македонската берза го објави и Годишниот извештај за работењето минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 910 денари бруто по акција

Во истиот Банката ја објави и акционерската структура заклучно до декември лани.

Месецов пак неколку членови на Управниот и Надзорниот одбор купија нови акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред исплатата на дивиденда, Фатмир Етеми, член на НО на Комерцијална купи 500 акции во Банката

Банката со состојба на 31.12.2023 година има вкупно 5.857 акционери, а вкупниот број на издадени акции изнесува 2.279.067 обични акции.

На 31.12.2023 година вкупниот број акции со право на глас изнесува 2.278.054 акции, стои во извештајот.

Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје на Ванчо Чифлиганец е акционер со квалификувано учество во Банката и истата поседува 14,992 % од вкупниот број издадени акции и 14,999 % од вкупниот број акции со право на глас, што ја прави најголем акционер.

Чифлиганец е член на Надзорниот одбор на Банката, како претставник на акционер со квалификувано учество во Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сè освен Антевски, кој купи 100 акции во Комерцијала, е во Надзорниот одбор на Банката

Кој сè од Управниот и Надзорниот одбор на Комерцијална купи акции на Банката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што му пишува во биографијата: Кој е Зоран Маневски, заменик-министерот на Бектеши

Редакција

„Северна лажно-Македонија„: Грчки партии ја прекрстија државата и порачаа дека Договорот од Преспа е за во канта

Редакција

За половина година 101 компанија од Македонската берза со вкупна добивка од 141 милиони евра

Редакција