Фатмир Лимани од Беса, која е дел од коалицијата “Вреди“ е кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада
Кој е Лимани
Роден е 14. јануари 1973 година.
Тој е дипломиран професор по историја. Дипломирал на Филозофскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово во 2004 година.
Зборува и англиски и германски јазик.
Политичка кариера и работно искуство
На последните парламентарни избори стана пратеник.
Од 2022 година е потпретседател на Беса.
Во 2021 година бил независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево.
Од 2011 до 2021 година бил заменик генерален директор и член на Управниот одбор на државната ЕЛЕМ.
Од 2007 до 2011 година бил во Надзорниот одбор на државното МЕПСО.
Во 2010 година бил претседател на граѓанската организација „Ндрише“.
Од 2005 до 2007 година бил управител на Голден оил, бензинска пумпа, во Кичево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Златко Перински, кандидат за министер за локална самоуправа
Кој е Изет Меџити, кандидат за министер за екологија и вицепремиер
Кој е Игор Филков, кандидат за министер за правда
Фото: Лимани/Фејсбук