Истражувањето и базата на податоци за 50. фирми кои добиле најмногу пари од јавни набавки на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во изминативе пет години покажува дека фирмата Марковски компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола склучила вкупно 77 договори за јавни набавки во вредност од 151 милион евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само со Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Марковски компани склучила 66 тендери, вредни 141 милион евра.
Марковски компани периодов е исто така во фокусот поради раскинување на договор вреден 46 милиони евра со РЕК Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РЕК Битола раскина договор со „Марковски компани“ вреден 46 милиони евра
Која е фирмата Марковски компани
За фирмата Марковски компани неможат да се најдат речиси ни основни информации на интернет, а интересно е дека компанијата нема ниту веб страница, а станува збор за фирма која во континуетиет добива тендери со високи суми на ЕСМ во изминативе години.
Основана е во 2002 година, со влог од 2.500 евра.
Се занимава со ископ на земја, земјени работи, набивање темелни столбови, изградба на темелна плоча, бетонирање, изградба на патишта, или се што спаѓа во нискоградба, стои во една од ретките основни информации за фирмата на интернет.
Кој е сопственик
Сопственик на Марковски компани е Борче Марковски, кој во 2016 година стана почесен конзул на Белорусија во Македонија, од кога е и овој скрин шот на кој е во друштво на амбасадорите на Русија и Белорусија (тој е во средина), кое е едно од многу ретките појавувања на Марковски во јавноста.
Фирмата доживува подем во 2012 година, кога почнува да добива тендери, стои во анализата на неделникот Фокус од пред неколку години, а нејзините приходи и профит секоја наредна година растат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мега тендер: ЕСМ склучи договор со Марковски компани, вреден 46 милиони евра