Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, кадар на ДУИ, кој е дел од истрагата на Основното јавно обвинителство за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 61, а беа повредени 203 лица, доби уште 30 дена притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжување на притворот, како и претходниот пат, доби поради постоење на основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.
Бектеши е еден од четворицата осомничени поранешни министри за економија за трагедијата во Кочани. Беким Незири и Ваљон Сарачини се во куќен притвор, а Дритон Кучи доби мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил амбасадорот Дритон Кучи, кој доби мерки за претпазливост за пожарот во Кочани
Каков имот пријавил Беким Незири, поранешниот министер осомничен за пожарот во Кочани
Кој е Ваљон Сарачини, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Фото: Бектеши/Фејсбук